Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петејчук заминува од Вардар
Петејчук заминува од Вардар

Петејчук заминува од Вардар

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Анатолиј Петејчук заминува од редовите на Вардар, дознава ,,Вардар Фанс”.

Младиот крилен играч иако потпиша две и пол годишен договор пред една година, сепак порано го напушта таборот на ,,црвено – црните” и во новата натпреварувачка сезона ќе има нов клуб. Петејчук изминатава сезона одигра 11 првенствени натпревари и постигна еден погодок, оној против Работнички на три кола пред крајот на сезоната.

Покрај него, сеуште е неизвесно дали во клубот ќе остане младиот и талентиран дефанзивец Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој наскоро треба да ја донесе својата одлука каде ќе игра во новата натпреварувачка сезона.