На 2.јули, PK Вардар 1961 ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите. И во новата натпреварувачка сезона ќе гледаме формат со 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи од по 8 тимови.
Вардар повторно ќе биде единствениот македонски претставник во најголемото ракометно натпреварување. Денес треба да бидат познати и останатите шест екипи кои ќе добијат вајлд карта за учество во Лигата на Шампионите. Сигурен настап во ЛШ од новата сезона покрај Вардар имаат уште и екипите на Кил, Фленсбург, Киелце, ПСЖ, Барселона, Пик Сегед, Порто, ППД Загреб и Алборг.