Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Поп-Крстев: Го остварив сонот, титулата му ја посветувам на покојниот чичко Драги, татко ми е горд до небо, тој ја има првата титула со Вардар, јас последната

Поп-Крстев: Го остварив сонот, титулата му ја посветувам на покојниот чичко Драги, татко ми е горд до небо, тој ја има првата титула со Вардар, јас последната

Кугларите на Вардар станаа шампиони, по 19.години го симнаа од тронот не прикосновениот тим на Макпетрол. Дел, и тоа важен дел од тимот е  и младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе пола деценија е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив, веќе пола деценија сонуваше и сонот му стана јаве.  Тој дојде тивко… подадената рака на тренерот Драги Димитровски  кој насети талент, имаше 2 и пол години пауза, но „стариот лисец“ насети дека кам бекот во овој спорт на талентираниот куглар ќе донесе бенефит за црвено-црните.

pop2

Неговата љубов кон Вардар му дава сила и елан, а судбината му „мести“ големи улоги за трофеите. Кога го освојувавме Купот  беше важна алка и поентираше за „златен медал“, сезонава играше повторно фантастично, баш во дербито за пехар тој на дуелот со  Макпетрол беше „ударната игла“ пред која се скрши дводецениската доминација на „пумпашите“.

*Поп-Крстев секогаш потенцираше дека светото име ВАРДАР, му е единствена кугларска љубов, единствен тим во кој сака да игра и со кој сака да се искачи на врвот. Одамна сонуваше и велеше, со Вардар ќе бидеме шампиони, сезонава сонот стана јаве.

-Многу пати сум кажал, да се носи Вардаровиот дрес е гордост, а може да замислите како е да сте шампион со клубот кој ви е прва и последна љубов, едноставно сонот се оствари. Би сакал да им се заблагодарам за прекрасната сезона на моите соиграчи, за направениот успех.Идеме на заслужен одмор и сеуште не ми се верува дека го кажувам ова, но одиме по одбрана на титулата наредна сезона.

pop4

* Семејството Поп-Крстев има интересна црвено-црна приказна, татко то на Георг, г-н Поп-Крстев Крсте бил дел од кугларскиот клуб Вардар на почетоците на Македонската кугларска лига. Покрај тоа има голем број успеси на домашен и меѓународен план со црвено-црните, тој е дел од првата шампионска генерација во првата сезона на МКЛ 1992/1993 година.

-Куглањето дома ни е семеен спорт, татко ми е „виновникот’ што го засакав куглањето. Мојот татко е поранешен куглар со големи успеси зад него, он го има првиот трофеј во независна Македонија со Вардар далечната 1993.година кога се играла првата сезона, а јас го освоив  последниот оваа 2021 година. Мислам дека татко ми немаше влезено во кугланите повеќе од 5 години поради едноличната лига, но од кога се случи она изненадување и победата над Макпетрол во „Мусандра“ човекот натпревар не пропушти… хахаха. Така да,  горд  е на успехот што го имаме направено заедно.

pop3

*Поп-Крстев уште од првото доаѓање во Вардар кога Драги Димитровски го реактивираше и веруваше во него постојано повторуваше дека се вратил за пехар. Кога тоа се оствари, токму тој најемотивно ја доживеа од сите во тимот, му се исполни сонот.

- Момент не се заборава, кога ја освоивме тутулата, беше краток временски, но во мојата глава долг како година. Едноставно  едвај чекав да ја фрлам последната кугла и да почнам да славам со момците. Имам нешто емотивно да кажам за овој успех,  оваа титула сакам да ја посветам на човекот кој два пати ми ја пружи раката во куглањето, кој се грижеше за мене, човекот кој ме научи на основните чекори на патека, му се обраќам таму каде што е сега на небото:„Мој чичко Драги оваа титула е за тебе, а сеќавањата на нашите моменти вечно ќе живеат. Почивај во мир голем човеку“

*Сезоната 2020/2021 по многу што е специфична, се играше во отежнати услови поради пандемијата, имаше прекини па продолжувања, но и заврши како од соништата. Со пехар, младиот вардарец ни дава своја оценка на истата:

- Долга, макотрпна сезона паузи, протоколи чуда… хахаха… ама сепак имавме надеж дека нешто може да се случи, се чустува дека Вардар е тим кој може има играчи, има тимски дух, има хемија во тимот. Успеавме да издржиме до крај да немаме никаков „кикс“, воедно сезонава и  „коцките“ се поклопија и на сето тоа се засиливме со Коста Манев. Кога се се поклопи, добивме во Манев и  врвен куглар еден од најдобрите во овој спорт, успехот беше неизбежен. Едноставно „мирисаше“ на титула, оваа сезона ја оценувам како најуспешна во кариерата и долго, долго ќе ја паметам.

pop5

*За крај нашиот соговориник ни ги соопштува очекувањата за идната сезона која започнува оваа есен:

 -Што да кажам, одбрана на титулата, целосна посветеност на патеката од сите нас, работа на тренизи да се исправат некои грешки и сега посакувам и двојна титула првенство и Куп. Посакувам и добар настап во европските Купови каде како шампион во МКЛ ќе ја преставуваме Република Македонија. Остануваме црвено- црни до крај и ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ ВАРДАР- завршува Поп-Крстев.