Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ бара депозит од ЕДЕН милион евра, Михајловски: ЕХФ нема правен основ за ова барање

ЕХФ бара депозит од ЕДЕН милион евра, Михајловски: ЕХФ нема правен основ за ова барање

РК Вардар 1961 се најде меѓу учесниците во новата сезона на Лигата на шампионите, но неговиот настап во ракометната елита е доведен под знак прашалник.

Денес, Европската куќа на ракометот информираше дека Вардар во минатата сезона не ги исполни потребните услови, па затоа сега од македонскиот тим бара депозит од еден милион евра, кој треба да биде доставен во две рати.

Овој депозит ЕХФ ќе го искористи за покривање на долговите кои Вардар ги има од поодамна, односно уште од времето кога на чело на клубот беше рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Македонскиот шампион има два рока за исплаќање на депозитот: половина милион до 13 јули и втората половина до 27 јули.

Ако Вардар 1961 не го депонира потребниот депозит, неговото место ќе го заземе Горење Велење од Словенија, а Македонија ќе остане без претставник во Лигата на шампионите. Македонскиот клуб нема право на втора опција, бидејќи ако остане без настап во елитата и не депонира еден милион евра, нема да може да игра ниту во Европската лига на ЕХФ.

На  сето ова реагира првиот човек на Вардар, г-н Михајло Михајловски кој вели дека оваа одлука на ЕХФ нема правен основ. Неговиот став може да го прочитате ОВДЕ!