Мартин Мирчевски е новиот играч кој го напушта Вардар и се сели во друг клуб. По една сезона помината во црвено-црниот дрес, Мирчевски заминува и се сели во екипата на Академија Пандев, со која потпиша договор на две години.
Со оглед дека соработуваа заедно во Вардар, Александар Васоски се реши да го донесе и во клубот од Струмица како ново засилување. После Петковски, токму Мирчевски е вториот играч кој и официјално не е дел од Вардар кој во новата сезона ќе игра во Втората Македонска фудбалска лига.
Се уште не е позната иднината на Вардар, иако се најавуваше ново раководство, како и нови засилувања, сепак се уште нема ништо конкретно и со официјално соопштение во јавноста.