Ниту натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги не го дочека својот крај. Иако можеби се очекуваше да се доигра сезоната со оглед дека останаа уште осум кола во најсилната Супер лига, сепак истата не финишираше, причината е добро позната.
Штета за помладите пионери кои беа на добар пат да ја освојат шампионската титула, со оглед дека имаа четири бодови предност пред директниот конкурент за трофејот. Иако касно стартувавме со подготовки за пролетниот дел од сезоната, сепак момците на Драган Стефановски го држеа врвот, а пресудна беше победата на домашен терен во дербито со струмичани, кога се враќавме од два гола негатива и на крајот славевме со резултат 3:2.
На 14 одиграни натпревари, вардаровите надежи имаа 12 победи и 2 нерешени резултати. Имавме и најдобар напад со 60 постигнати голови, како и најдобра одбрана со само 9 примени погодоци. Вака изгледаа резултатите после 14 одиграни натпревари за помладите пионери на Вардар.
1. коло: Куманово Еуроспорт – Вардар 0:5
2 коло: Вардар – Ренова 11:0
3 коло: Шкендија – Вардар 2:5
4 коло: Вардар – Работнички 3:0
5 коло: Брегалница – Вардар 1:2
6 коло: Њу Старс – Вардар 0:5
7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 3:1
8 коло: Шкупи - Вардар 2:2
9 кол0: Вардар – Академија Пандев 3:2
10 коло: Пелистер – Вардар 1:1
11 коло: Вардар – Победа 3:0
12 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт 9:0
13 коло: Ренова – Вардар 0:5
14 коло: Вардар – Шкендија 3:0
Како изгледаше табелата во моментот на прекин на лигата
Оваа генерација на Вардар беше единствената која успеа да обезбеди пласман во 1/2 финалето на Купот, каде ја чекаше екипата на Кул. Требаше да се одигра еден натпревар, истиот беше закажан на теренот на Академијата, но и завршните натпревари во Купот не се доиграа.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци, истата ја предводеше капитенот, Никола Величковски кој имаше постигнато до тоа коло вкупно 19 голови. Ова се сите играчи кои се запишаа во листата на стрелци во сезоната која не заврши ( бројот на погодоци е само на натпреварите од Супер лигата).
1. Никола Величковски -19
2. Арбин Курти -13
3. Филип Јовановски -8
4. Тино Спасиќ -6
5. Горјан Цветков -4
6. Алтин Алији и Михаил Кузмановски -2
7. Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски, Михаил Јаневски, Стефан Ристовски и Марко Стојилевски -1.