ЕХФ ги објави имињата на екипите кои преку вајлд-карта добија шанса во новата сезона да бидат дел од Лигата на Шампионите.
Екипите кои беа среќни се Веспрем, Брест Мешков, Монпелје, Динамо Букурешт, Елверум и Мотор Запорожје.
Неочекувано, доведено е во прашање настапот на Вардар во најголемото ракометно натпреварување со оглед дека ЕХФ бара од Вардар депозит од еден милион евра.
Ждрепката за групната фаза ќе се изврши на 2.јули, а ние се надеваме дека Вардар ќе биде дел од Лигата на Шампионите и во новата сезона.