Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На 2.јули, Вардар ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите
На 2.јули, Вардар ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите

На 2.јули, Вардар ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите

На 2.јули, PK Вардар 1961 ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на Шампионите. И во новата натпреварувачка сезона ќе гледаме формат со 16 екипи кои ќе бидат поделени во две групи од по 8 тимови.

Вардар повторно ќе биде единствениот македонски претставник во најголемото ракометно натпреварување. Денес треба да бидат познати и останатите шест екипи кои ќе добијат вајлд карта за учество во Лигата на Шампионите. Сигурен настап во ЛШ од новата сезона покрај Вардар имаат уште и екипите на Кил, Фленсбург, Киелце, ПСЖ, Барселона, Пик Сегед, Порто, ППД Загреб и Алборг.