Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младите играчи преовладуваа на првиот собир на ФК Вардар
Младите играчи преовладуваа на првиот собир на ФК Вардар

Младите играчи преовладуваа на првиот собир на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар со нов сопственик и управа вчера означи старт на подготовките за новата сезона, во која ќе се натпреваруваме во втората фудбалска лига.

Екипата ке ја предводи Горан Симов, додека негови помошници ќе бидат Филип Ивановски и Златко Таневски, додека Никола Глигоров ќе работи во младинската школа. На првиот собир кој се одржа на градскиот стадион се појавија нови играчи, како и голем број на младинци.

Во Вардар на првата прозивка се јавија гоманите Гоце Јовчев и Лука Стојковски, потоа Антонио Мирков, Лео Андрески, Давид Велковски, Петар Давидовски, Дарио Јовановски, Дарко Трпезановски, Грегори Давков, Филип Ѓоргиевски, Иван Мицевски, Ерен Парталко, Филип Ѓоргоски и Абдулах Хасани.

Клубот го напуштија Виктор Крстевски, Анатолиј Петејчук, Александар Ѓурковски, додека дел од црвено-црните нема да бидат ниту Мартин Радуловиќ-Величковиќ и Петар Гугуљанов.

Вардар ќе тренира на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, додека главниот дел од подготовките е бидат одработени во Охрид. Закажани се исто така и подготвителни натпревари, на кои ќе воигрува екипата и ќе се подигнува формата пред стартот на сезоната во втората лига.

ФОТО: Гол.мк