Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Браво: Вардарецот, Митиќ Мартин е државен младински првак во куглање
Браво: Вардарецот, Митиќ Мартин е државен младински првак во куглање

Браво: Вардарецот, Митиќ Мартин е државен младински првак во куглање

Кугларскиот клуб Вардар кој дојде до пехарот во лигата, има уште една причина за радост. Од вчера има државен првак во младинска (У23) конкуренција. Талентираниот, Мартин Митиќ го освои пехарот на државното поединечно У23 првенство.

Истото вчера се комплетираше во Битола, каде се игра во најновата куглана во Република Македонија . Кај дамите најдобра беше, Емилија Переска од ЖКК Пелистер со вкупно соборени 1031 дрва.

kugla

Кај момците нашиот  Митиќ  со вкупно 1060 дрва го заслужи златото. Зад него беа Александар Младеновски (1049) и Архан Арслановски (983). Црвено-црниото момче пред две години (кога се играа последен пат вакви првенства), дојде до пехарот во кадетска конкуренција, истот сега го одбрни, нормално во повозрасната категорија каде што настапува.

kugla56

Треба да напоменеме дека Мартин освои викендов  и уште два медали, сребрени во други две дисциплини. Тој беше второпласиран „тандем микс“ и „спринт“.