ЖРК Вардар во петокот промовираше двајца нови членови во стручниот дел на тимот, кондиционен тренер и физиотерапевт. Задолжена за здравјето на девојките ќе биде Нина Бојаџиска, за неа ова е практично враќање дома. Имаше ракометна кариера претходно, голем дел од неа ја мина во црвено-црниот тим. Разговараме за нејзината нова функција и едукацијата со која се стекнала, со неа Вардар добива еминентен стручњак:
Дипломирав на медицинскиот факултет во Скопје, зад себе имам положен државен стучен испит со кој се стекнав со лиценца. Додатно се доедуцирам на два засебни курсеви за техники во физиотерапија, секако веќе искуство со спортски колективи. Работев со младинските екипи на кошаркарскиот тим МЗТ и во младата М15 кошаркарска машка селекција на Македонија.
Доби покана од раководството на црвено-црните, веднаш се одлучи да се вратиш во „Јане Сандански“ во тимот во кој имаше одлични сезони, впечатливи настапи, во тој период на Вардар фанс често известувавме за нејзината значајна улога во натпреварите на Вардар.
Шансата да се вратам во мојот клуб, практично дома, но сега во друга функција за мене претставува огромна чест и задоволство. Очекувам добра и искрена соработка во Вардар, како со девојките така и со целиот стручен штаб. Посакувам сите да бидат во добро здравје, со заедничка професионалносот и соработка да оствариме успешна приказна оваа сезона која следи. Секогаш е пријатно да се биде дел од црвено-црниот тим-вели поранешната ракометарка на вардаровиот тим.
За крај неминовно е прашањето за нејзините ракометни денови, за спомените кои ги носи од таа доба во нејзиниот живот. Вели дека периодот во Вардар е дефинитивно најубавиот во нејзината кариера.
Bсушност најубавите ракометни спомени ми се дефинитивно тие години додека бев дел од тимот на ЖРК Вардар. Пред се поради успесите кои ги имавме постогнато со екипата и добрата атмосфера која владешее. Имавме одлични услови за работа, имавме прилика да се натпреваруваме и да тренираме со врвни имиња. Тие беа професионалци, а ние од нив многу научивме. Дефинитивно најубав спомен е дружењето со девојките, истото трае и ден денес со повеќето од нив- завршува Бојаџиска.