Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Фарски острови шанса за визирање на полуфиналето за девојките
Фарски острови шанса за визирање на полуфиналето за девојките

Фарски острови шанса за визирање на полуфиналето за девојките

Денес избраничките на Савевски ќе се соочат со селекцијата на Фарски острови во 2.коло на ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Овој дуел е важен за нас, со победа во истиот ќе бидеме на чекор до полуфиналето на ова натпреварување.

Вчера, Холандија со која играме во среда дојде до втората  победа и се кандидираше за висок пласман, тие по два меча имаат 4.бода. Косово и Босна и Херцеговина имаат нула бодови по две рунди. Од ова коло останува само нашиот меч со Фарски острови, победникот од истиот ќе го дели врвот со Холандија.

Натпреварот меѓу црвено-жолтите девојки и остовјанките се игра  со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека в среда и четврток се мечевите  со Холандија и Косово.