Познат е составот на младинската женска репрезентација на Македонија за денешниот натпревар од второто коло на ЕХФ Шампионатот против селекцијата на Фарските острови. Селекорот Љубомир Савевски ќе ги има на располагање сите шест вардарки кои играа и на првиот дуел против Босна и Херцеговина.
Следниве вардарки се во составот на Македонија У19: Сара Миновска (капитен), Џатевска Ивана, Катерина Дамјаноска, Мила Пешиќ (кадетка на Вардар)Трајкоска Јована и Костовиќ Ангела. Натпреварот меѓу црвено-жолтите девојки и остовјанките се игра со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, потребна е победа за полуфиналето да биде на дофат за нашите девојки.