Како што е добро познато во саботата Фудбалскиот клуб Вардар означи старт на летните подготовки. На првиот тренинг на екипата присуствуваа и верните ,,Комити” кои и овој пат им дадоа голема поддршка на фудбалерите пред новиот предизвик што ги очекува.
,,Балканските навивачи” на својата Фејсбук страна објавија статија за ФК Вардар и ,,Комитите”, на која напишаа: ,,ФК Вардар со помошта на Комити е конечно спасен. Навивачите купија 33.000 илјади билети, плаќаа пат на играчите на секое гостување и беа единствената поддршка во изминатиот период. На тренинг се собраа, како би им дале поддршка на играчите. Менталитет”, гласеше нивната објава која можете да ја прочитате ТУКА.
Вардар првата фаза на подготовки ќе ја има во Скопје, а потоа следи заминување за Охрид каде ќе се играат и пријателски натпревари со кои ќе се темпира формата.