Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се екипира, Тото пристигна во Скопје!
Вардар се екипира, Тото пристигна во Скопје!

Вардар се екипира, Тото пристигна во Скопје!

Вардар подготовките за новата сезона во која ќе биде активен на четири фронта, ќе ги започне на 15 јули во СЦ. ,,Јане Сандански”, па така екипата започна да се екипира во Скопје.

Откако објавивме дека прв во нашиот главен град од интернационалните засилувања пристигна Диало, денес во нашиот главен град ,,слета” уште едно ново име. Францускиот интернационалец Жереми Тото ,,прошета” низ главниот град, но и ја посети неговата нова сала каде треба да реди успеси со ,,црвено – црните”.  Утре во Скопје ги очекуваме и другите ,,новајлии”.

Вардар 1961 ќе ги почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот заминува за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германијa.