Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Добродојде назад во Вардар, Дарко Стојанов!
Добродојде назад во Вардар, Дарко Стојанов!

Добродојде назад во Вардар, Дарко Стојанов!

,,Вардар Фанс” започнува да ги промовира новите играчи кои ова лето дојдоа во редовите на најтрофејниот фудбалскиот клуб од Македонија.

Започнуваме со можеби најголемото засилување досега, стоперот Дарко Стојанов кој се врати во својот Вардар каде што ја започна својата професионална кариера. 31-годишниот дефанзивец на 18 години дебитираше за ,,црвено – црните”.

Стојанов во својата фудбалска кариера има настапувано и за екипите на Брегалница Штип, Хоризонт Турново, потоа Дунав Русе (Бугарија), Борец, Ренова, а во Вардар доаѓа од екипата на Брегалница Штип, каде изминатава сезона беше стандарден играч и еден од најзаслужните што овој тим се врати во Првата фудбалска лига на Македонија. Токму Стојанов треба да биде идниот лидер на одбраната на вардарци и со своето големо искуство да го предводи тимот кон добри резултати во новата сезона.

Му посакуваме добродојде назад во ФК Вардар на Дарко Стојанов!

Фото: Кочо Сотировски