Mакедонија ќе има четири претставници во Европскиот Куп, покрај нашиот ЖРК Вардар тука се и тимовите на Металург, Чаир и Деспина. Пријавени се вкупно 57 тимови, а 50 од нив ќе стартуваат во второто коло, додека останатите седум имаат директно место во третото коло.
Она што е позитивна вест за црвено-црнете е дека според рејтингот го објави ЕХФ, највисоката позиција ја има Вардар, на 15 место, тоа значи ќе биде носител пред ждрепката истата е закажана на 20 јули. Натпреварите од второто коло ќе се играат на 16/17 октомври, односно 23/24 октомври. Постои вееројатност во 2.рунда да дојде до двобој на две екипи од Македонија.