Македонија не успеа да дојде до победа, иако постојано беше на чекоp пред селекцијата на Фарските острови. На крајот на дуелот од 2.коло на младинскиот ЕХФ Шампионт и мораше да се задоволи со реми, натпреварот заврши со резултат 24-24.
Имавме постојано предност во текот на првиот дел од неколку гола, сепак на одмор заминавме со минимална разлика. На семафорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше 14-13 за црвено-жолтите девојки.
Вториот дел беше сличен како првиот период од 30.минути, ние повторно поведовме овој пат со три гола (17-14). Тие три гола ги чувавме се до 23-20, по што следуваше серија 0-4 на ривалот со кој поведе со 23-24. Успеавме до крајот да дојдеме до бод изедначувајќи на 24-24. Па сега по две кола ние и Фарските острови имаме по 3.бода, Холандија која е наш следен ривал има 4.на првата позиција.
Вардарки на оваа средба имаа дури 10.гола, пикерот Ивана Џатевска беше најефикасна со 5.гола, Сара Миновска стрелаше во 4 наврата и Ангела Костовиќ впиша погодок.