Вардарци се екипираат во Скопје и ,,фаќаат” залет за стартот на летните подготовки кој се закажани за точно 11 дена во Скопје, во СЦ. ,,Јане Сандански”.
Едно од неколкумината интернационални засилувања пристигна во нашиот главен град Скопје и ќе мине фаза на адаптација пред стартот на подготовките. Французинот Бакари Диало прв пристигна од интернационалните засилувања и имаше можност да се запознае со Скопје и со неговиот нов дом, СЦ. ,,Јане Сандански”.
Диало треба да ја оправда довербата и да биде еден од клучните играчи на Вујовиќ во новата сезона. Покрај него, во Скопје ги очекуваме во следните неколку денови и останатите нови играчи.
Вардар 1961 ќе ги почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот заминува за Златибор каде останува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германијa.