Thursday ,19 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Калараш пред трансфер во Веспрем?
Калараш пред трансфер во Веспрем?

Калараш пред трансфер во Веспрем?

По три години минати во „црвено-црните“ редови рускиот репрезентативец Глеб Калараш замина од Вардар. Калараш дојде во редовите на Вардар во 2018 година како замена за Илија Абутовиќ и веднаш ја оправда довербата, а стана и миленик на навивачите.

За жал, двете страни не се договорија, па така Глеб во новата сезона ќе има нов клуб. Денешните информации велат дека токму Глеб Калараш би можел да замине во Веспрем. Ако се знае дека унгарскиот тим остана без екс вардарецот Рожерио Мораес, тогаш овие информации се повеќе одат на тоа дека кружниот напаѓач би можел во овој тим.

Останува да видиме дали токму Калараш ќе биде третиот кружен напаѓач за новата сезона во редовите на унгарскиот тим и со тоа ќе биде уште еден во низата на ракометари кои преминуваат од Вардар во екипата на Веспрем.