Вардар 1961 ги почна подготовките за новата сезона. Од вчера до 19 јули екипата ќе биде во Скопје, а потоа продолжува за Златибор, Србија каде ќе остане десет дена. Единствено Едуардо Гурбиндо и Давид Савревски ќе се приклучат подоцна поради обврски со репрезентација.
Повратникот на клупата на Вардар, Веселин Вујовиќ вели дека конечно очекува работите да тргнат во поинаков правец, па во новата сезона и салата во Скопје да биде преполна со навивачи на Вардар.
,,Се надевам дека во новата сезона ќе не поштедат од лудилото со корона, салата да биде полна, да дојдат ,,Комитите” и сите да треперат кога ќе дојдат во сала” , рече Вујовиќ.
Ова е трето враќање на ,,Вујо мајсторе” на клупата на вардарци.