Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сениорскиот тим на ЖРК Вардар се засили со три нови имиња од „лавиците“
Сениорскиот тим  на ЖРК Вардар  се засили со три нови имиња од „лавиците“

Сениорскиот тим на ЖРК Вардар се засили со три нови имиња од „лавиците“

Одличниот квалитет на кадетската екипа на ЖРК Вардар не останува незабележан, од девојките кои ги создаде Платон и Папуџиева неколку беа повикани за младинската, а во кадетската се во најголем број. Првиот тим на ЖРК Вардар го очекува бурна есен, настап во лигата и Купот на домашна сцена, како  и настап во Европа. На тимот му требаат засилувања, но зошто би ги барал по другите суперлигаши, кога во својата кадетска екипа има „бисери“ кои ги нема на македонската женска ракометна сцена.

Донесена е одлична одлука, три млади кадетки да бидат префрлени во првиот тим, формула која изминатата сезона се покажа како успешна. Минатата сезона, Сара Стефаноска и Бојана Коцева добија шанса и ја оправдаа во сениорската лига каде се адаптираа и беа едни од најдобрите поединки. Оваа одлука е одлична бидејќи со овие три девојки сениорската екипа ќе биде далеку поконкуретна за настап.

Во првиот тим оди бекот, Наталија Максимовска, станува збор за силна млада физички доминантна ракометарка со голем потенцијал. Таа одработи дел од подготовките со младинската мак.селекција во Маврово. Повикано е и крилото Бојана Радевска, девојката која во младинската и кадетската лига покажа квалитет оваа лето и се истакна со добри игри. Конечно добива прилика девојката која е најголем потенцијал во кадетската лига, „летачиот бек“ Борјана Коцева, девојката чија игра е „празник“ за око. Одговорно како познавачи на младите лиги во земјава може да кажеме дека оваа девојка доколку има брза адаптација на сениорската лига ќе биде еден од најдобрите и најатрактивните бекови во земјава.

Напомена: Сите три се на списокот на Савевски за кадетската македонска селекција за престојниот ЕХФ Шампионат. Овие три имиња се прекомандувани засега, можно е на списокот да се појави уште некое ново име од кадетките.