Шпанската ракометна репрезентација за која настапува еден играч на Вардар, стигна и до третта победа на Олимписките игри во Токио и на тој начин обезбеди пласман во 1/4 финалето.
Денес избраниците на Жорди Рибера стигнаа до висок триумф на дуелот со репрезентацијата на Бразил. Конечниот резултат гласеше 32:25 во корист на „фуријата“.
Во најголем дел од првото полувреме, репрезентацијата на Бразил беше во предност, која во еден момент достигна и до четири голови разлика. Сепак до крајот на првиот дел, упорната Шпанија се избори за нерешен резултат по истекот на 30-те минути. На стартот од вториот дел, гледавме поинаква Шпанија која ја превзема предноста и не дозволи до крајот да ја загуби. Бразил одржуваше некаква резултатска рамнотежа до 50 минута кога резултатот беше 26:24. Сепак до крајот следеше голема серија, за висока победа.
Ова беше трет триумф во групата А за Шпанија со која е максимална со 6 освоени бодови, на првото место и на тој начин со обезбеден пласман во 1/4 финалето на ОИ во Токио.
Во триумфот на Шпанија, новиот вардарец, Едуардо Гурбиндо успеа да постигне еден гол.