Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Љубиша Пешко: Душекот се ќе покаже, посакуваме медал за Нуров
Љубиша Пешко: Душекот се ќе покаже, посакуваме медал за Нуров

Љубиша Пешко: Душекот се ќе покаже, посакуваме медал за Нуров

Љубиша Пешко е еден од тројцата тренери на Магомедгаџи Нуров. Тој е роден во Македнија и бил репрезентативец на поранешна Југославија и Р. Македонија во категоријата до 74 кг. Има учество на повеќе Европски и Светски првенства. Во моментов Проф. Љубиша Пешко е тренер во Боречкиот клуб „Вардар“, матичниот клуб на борачот Нуров.
МакСпорт разговараше со Пешко, во однос на престојниот настап на Нуров на Олимпискитe игри во Токио:
„Јас го водев Нуров на многу меѓународни натпревари и турнири. Ги знам сите негови противници. Со тренерите Гајдаров и Могамед Ибрагимов (н.з Ибрагимов е првиот освојувач на медал – бронза за независна Македонија) ги имаме анализирано сите противници. Нема слаб противник на Олимпијадата во категоријата до 97кг, со оглед на тоа дека пласман обезбедија дури 3 Олимписки шампиони, Светски и континентални шампиони. Јас никако не би ги посакал во костурот каде ќе биде сместен Нуров да се сретне со Хуштин (Белорусија) и Одикадзе (Грузија). Хуштин е многу издржлив и физички посилен, а Одикадзе е технички подобар и добар во контранападите, со сите останати мислам дека Нуров многу полесно ќе се справи. Се зависи од ждрепката, ако ги мине првите две кола, верувам дека ќе ни се насмевне и вториот медал на оваа Олимпијада. Жалам што Гајдаров и јас не сме со Нуров, нашиот борач ќе беше посмел знаејки дека има поткрепа. (н.з со Нуров во Токио е само Могамед Ибрагимов)
Иако инсистиравме Пешко да го прогнозира настапот на Нуров, тој вешто избегна одговор, очекувајки душекот сѐ да покаже.
„Благодарение на одличниот светски рејтинг на Нуров, по новите правила, носителот број 1, Садулаев. не може да се сретне со Нуров кој е носител број 4 пред полуфиналето.
Ние борачите, чесно, не сакаме да предвидуваме. Секој пласман до петто место е голем подвиг, Нашата изрека е „само здравје – душекот се ќе покаже“.
Нуров првиот настап ќе го има на шести август, името на својот противник ќе го дознае на ждрепка која ќе се одржи ден порано.