Свој 38-ми роденден денес прославува Златко Таневски, кој е дел од стручниот штаб на фудбалскиот клуб Вардар. Таневски во новата сезона ќе биде помошник на Горан Симов и заедно со играчите ќе се обидат да го внесат Вардар во најсилната ПМФЛ.
Инаку Таневски е дете на Вардар, настапуваше за сите младинските екипи на клубот, додека црвено-црниот дрес го носеше во два наврати, а со Вардар успеа да освои и четири трофеи, шампиони на Македонија.
Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси со Вардар.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЗЛАТЕ !!