Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гурбиндо со Шпанија успеа да се пласира во 1/2 финалето на ОИ
Гурбиндо со Шпанија успеа да се пласира во 1/2 финалето на ОИ

Гурбиндо со Шпанија успеа да се пласира во 1/2 финалето на ОИ

Шпанската ракометна репрезентација за која настапува Едуардо Гурбиндо се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Во еден неизвесен 1/4 финален натпревар до самиот крај, Шпанија подобро се снајде во финишот за голема победа, вредна полуфинале на ОИ.

Шведска на полувреме беше во предност од 20:18, додека на средина на вториот дел имаше и позитива од четири гола (27:23). Упорните избраници на Жорди Рибера најпрво го израмнија резултатот на 29:29, за да поведат и со 30:33. Шведска врати со два гола во серија, но сепак Шпанија го зачува водството и на крајот славеше голем триумф, изразен со резултат 33:34.

Вардаровиот играч, Едуардо Гурбиндо успеа да постигне два гола. Во полуфиналето, Шпанија ќе игра против Данска, која во 1/4 финалето беше подобра од репрезентацијата на Норвешка.