Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски стана тренер на екипа во Исланд
Алушовски стана тренер на екипа во Исланд

Алушовски стана тренер на екипа во Исланд

Поранешниот тренер на Вардар, Стевче Алушовски, својата кариера ќе ја продолжи во Исланд , се работи за Тор Акурејри, екипа која се натпреварува во втората лига.

Ова ќе биде прв интернационален предизвик за Алушовски, кој беше на чело на Вардар една и пол сезона, клуб со кој успеа да ја освои двојната круна во Македонија, додека во Лигата на Шампионите стигна до 1/8 финалето.

Со тимот од Исланд потпиша договор на една сезона, а негова цел ќе биде да ја врати екипата во најсилната лига на оваа земја.