Вардар1961 на „Хумел Куп“ ќе игра со Холстебро
Домаќинот на турнирот „Хумел Куп“ на кој ќе игра и Вардар1961 ги објави полуфиналните двојки и термините на одигрување на натпреварите. Покрај Вардар 1961 на турнирот ќе играат и екипите на Холстебро, Горење и домаќинот Магдебург.
Турнирот ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург. Домаќинот ги одреди полуфиналните двојки кои ќе се играат првиот дел, на 21 август.
Вардар1961 во полуфиналето во 16 часот ќе игра со Холстебро. Во второто полуфинале се среќаваат Горење и Магдебург (19 ч.)
Следниот ден, 22 август се натпреварите за пласман. Мечот за 3 место е во 12,30 часот, а финалето е во 15,30 ч.
Пред одигрување на овој турнир, Вардар1961 ќе настапи на Супер Купот каде се среќава со Еурофарм Пелистер, на 11 август. Исто така од 12 до 15 август ќе настапиме и на турнирот во Струга каде дополнително ги чекаме ривалите во групата.
Турнирот во Магдебург ќе биде последна проверка пред настапот во четвртфиналето од СЕХА лигата каде играме со ППД Загреб.