Денес, кадетската селекција на Македонија освои злато славеше над Исланд (26-27) и заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија. Со ова се обезбеди и место на кадетското Европско првенство кое следи.
Натпреварот почна крајно изедначено и се играше претежно гол за гол. Исланд и Македонија цела средба беа блиску, беше 6-6, па 8-8, додека на паузата се замина исто така со изедначен резултат – 12-12. На стартот на вториот дел Исланд го зададе првиот удар, дојде до два позитива (15-13), но Македонија не се предаде, па со два гола на Дукоска изедначи на 16-16. Се соземавме ја преземавме контролата и почнавме да го котролираме финалето. Побдата дојде со резултат 27-26.
Бојана Коцева со 5.гола беше втор стрелец денес во финалниот дуел, покрај неа вардарки кои настапија на овој шампионат беа и Коцева Борјана, Мила Пешиќ, Јана Равојска и Тошевска Магдалена.