На денешен ден пред точно четири години, на арената “Филип Втори“, Вардар на првиот дуел во рамките на првиот плејоф натпревар од Лигата на Европа успеа да го победи Фенербахче и да си го отвори патот до групната фаза.
,,Црвено-црните” тој прв меч во Скопје го добија со резултат од 2:0. По првото полувреме имавме водство од 1:0, кога резултатот го отвори Тигран Барсегјан, додека во судиското продолжение од вториот дел, по едно невнимание, противникот успеа да си постигне авто гол, што значеше и предност за Вардар од 2:0, резултат со кој заврши овој прв меч. И на реваншот во Турција, Вардар покажа дека овој резултат не бил случајност, па успеа по втор пат да го победи турскиот великан, со резултат 1:2 и на тој начин да обезбеди историски пласман во групната фаза од Лигата на Европа и на тој начин да стане првиот македонски клуб на кој му успеало ваков подвиг.