Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со повик за нови членови од генерација 2006, 2007 и 2008, бидете дел од ракометниот бренд
ЖРК Вардар со повик за нови членови од генерација 2006, 2007 и 2008, бидете дел од ракометниот бренд

ЖРК Вардар со повик за нови членови од генерација 2006, 2007 и 2008, бидете дел од ракометниот бренд

Женскиот ракометен тим „Вардар“ објавува повик за нови членови, тие нудат можност за пристапување на млади и талентирани ракометарки во црвено-црниот тим. 

Повикот да станат дел од ЖРК Вардар е за девојки родени 2006, 2007 и 2008 година. Тие ќе бидат вклучени во „вториот тим“, односно во кадетско-пионерскиот состав на вардарки. Тренери со кои ќе работат се оние кои создадоа квалитет за првиот тим, од чија екипа имаше пет репрезентативки кои го освоија ЕХФ Шампионатот во Литванија, станува збор за поранешните македонски репрезентативки, и врвни ракометни тренери: Анжела Платон и  Марија Папуџиева.

Платон и Папуџиева, тренерскиот двоец кој создава квалитет

Платон и Папуџиева, тренерскиот двоец кој создава квалитет

Девојките кои ќе се пријават ќе бидат дел од помладиот (вториот тим) на ЖРК Вардар, тие ќе се приклучат на тренизните кои наскоро ќе започнат. Ова е повик за приклучување на ракометен бренд, не станува збор за уписи (бидејќи не е школа во која се плаќа членарина). Вардар е тим со сериозна стручна екипа, големи амбиции, одличен персонален состав на тренерските позиции.

Веќе е познато дека првиот тим е вице-првак на Македонија и „сребрен“ во Купот, од оваа млада екипа каде што сега има можност за приклучување, веќе 5-6 девојки  добија повик за сениорската екипа. Вардар има „политика“ на создавање на сениори и регрутирање од младата екипа, што е поттик плус за новите членови кои во иднина ќе може да сметаат на прилика за докажување.

Девојките кои од Вардар беа дел од кадетскиот тим на МКД

Девојките кои од Вардар беа дел од кадетскиот тим на МКД

Девојки, бидете дел од најдобриот клуб за млади ракометарки, тимот кој создава и дава највеќе репрезентативки на Македонија во младите селекции години наназад. Колектив со одлична атмосфера, добра организација, можност за настап во младинските лиги организирани од РФМ од оваа есен. Едноставно оваа ракометна прилика не се пропушта.

Радевска и Максимовска, двете последни кои добија “прекоманда“ во прв тим од кадетскиот тим

Радевска и Максимовска, двете последни кои имаат  “прекоманда“ во прв тим од кадетската екипа

…….Сега девојките имаат шанса  за  вистински и уникатен ракометен избор,……..

Контакт телефон: 075-679-898 .