Младинците на Рк Вардар Јуниор предводени од легендарниот “Зенга“ направија голем успех на турнирот во Белград, откако обезбедија пласман во големото финале на овој турнир.
Во последниот натпревар од групната фаза, нашите младинци го победија големиот фаворит на овој турнир, екипата на Партизан од Белград. Избраниците на популарниот “Зенга“ можеби го одигра најдобриот натпревар на овој турнир, против една од најдобрите Балкански екипи, тимот на Партизан од Белград. Во текот на целиот меч имавме постојано водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. На овој дуел нашите младинци покажаа карактер на еден искусен тим, кој цели на највисоки дострели на овој турнир. Претходно во групната фаза, црвено-црните забележаа една победа и еден пораз. Забележавме триумф против тимот на Требње (Хрватска), додека бевме поразени од тимот на Грачаница од Босна и Херцеговина.
Во полуфиналето нова супериорна партија на нашите младинци, кои забележаа победа во дуелот со екипата на Сингелиќ од Белград. Без поголеми проблеми црвено-црните со доминација во текот на целиот натпревар, имаа постојана предност без можност на противникот да направат нешто посериозно. Конечен триумф, за пласман во големото финале за младинците на Рк Вардар Јуниор на силниот меѓународен турнир во Белград. Противник во големото финале, ќе биде екипата на Дубрава од Хрватска.