Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ прво зимско засилување за ФК Вардар !?
Којашевиќ прво зимско засилување за ФК Вардар !?

Којашевиќ прво зимско засилување за ФК Вардар !?

Црногорскиот играч Дамир Којашевиќ би требало да биде првото зимско засилување за екипата на ФК Вардар. Овој црногорски играч има 28 години, и моментално настапува за лидерот на табелата во Ц.Гора екипата на Младост. Којашевиќ оваа полусезона е втор најдобар стрелец во својот тим, со постигнати 7 погодоци на 14 натпревари. Којашевиќ е играч од средината на теренот, со офанзивни карактеристики. Дамир има богато сиви, тој во минатото има настапувано за Дечиќ, Јагилона од Полска, Сараево, Горник, Будуќност, Астана (каде има одиграно 61 натпревар), и Локомотив Ташкент. Од оваа сезона е дел од црногорскиот тим. Очекуваме доколку дојде Дамир, да биде топ засилување, нешто слично на Мијушковиќ, кој ова лето дојде токму од првенството на Црна Гора.

Видео: