Денеска во С.Ц “Јане Сандански“ се одигра пријателски тест-меч на кој нашиот шампион Жрк Вардар ја покажа својата моќ против шестопласираната екипа во Романија тимот на Крајова. Избраничките на Индира Кастратовиќ победија со резултат 37-26 во овој пријателскиот меч.
Крајова вчера се сретна со младите девојки на Вардар тимот на Јуниор и го победи со 33-24 (види). Денес романките имаа добар почеток на дуелот и неочекувано поведоа со 6-9, но проработе црвено-црната машина, правејќи серија 15-6 за на полувреме да заминавме со резултат 21-15. Во вториот дел само рутина беше за црвено-црните девојки да дојдат до победа, кои всушност го искористија мечот за подобро воигрување пред предизвиците во Л.Ш Кај нас најефикасни беа : Пенезиќ со 6 гола, Лекиќ, Дамњановиќ и Радичевиќ стрелаа по 4 пати во голот на Крајова. Романките и понатака ќе останат во Скопје, тие утре ќе го одиграат последниот тест-дуел со црвено-црните. Во 12 часот младите девојки од Жрк Вардар јуниор предводени од Симе Симовски ќе излезат на мегдан со романскиот гостин.