Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар Јуниор поразен од Крајова на контролен натпревар
Жрк Вардар Јуниор поразен од Крајова на контролен натпревар

Жрк Вардар Јуниор поразен од Крајова на контролен натпревар

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански се одигра првиот од двата контролни натпревари помеѓу екипите на Жрк Вардар Јуниор и Крајова од Романија. Подобри беа Романките, кои го совладаа нашиот втор тим, со конечен резултат од 33:24.

Во текот на целиот дуел противникот имаше предност, нашите девојки имаа свој период и добри моменти на игра, сепак поголемото искуство и возраста на Крајова пресуди за конечниот победник. По првото полувреме одржувавме резултатска незивесност, кога на пауза се замина со резултат 16:11. Нашите девојки ниту во еден момент не беа надиграни, иако противникот на моменти имаше двоцифрена предност. Можеби доколку имавме повеќе расположени ракометарки за игра, разликата на крај немаше да биде толку голема. Теодора Керамичиева и Симона Стојановска заедно постигнаа повеќе од половината голови за црвено-црните.

Утре во истиов термин и сала, силите со истиов противник ќе ги одмери нашиот прв тим, за кој овој дуел ќе биде проверка на формата пред првиот меч во новата групна фаза, на 9-ти декември против ЦСМ Букурешт. Исто така и Вардар Јуниор максимално се подготвува за настапите во Челинџ купот, против Војводина Минаква.