Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар стартуваа со победа и пораз на “Трофеј “Белград“
Младинките на Жрк Вардар стартуваа со победа и пораз на “Трофеј “Белград“

Младинките на Жрк Вардар стартуваа со победа и пораз на “Трофеј “Белград“

Слично како машката младинска, така и женската екипа предводена од Билјана Пецевска остварија еден триумф и пораз на првиот ден на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград.

Нашите младинки го отворија турнирот во дуел со екипата на Срем, на кој беа поразени со резултат 17:24. Противникот беше подобар тим и на крајот сосема заслужено издвојува победа. Многу подобра игра и посериозен пристап за црвено-црните во вториот натпревар на турнирот, против екипата на Авала (Србија). Еден израмнет дуел на двете страни, но на крајот победата им припадна на Вардарки. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 21:20.

Во третото коло, утре со почеток од 10:40 часот играме против екипата на Извор од Србија. Натпреварите се играат во две полувремиња, по вкупно 20 минути.