Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Зоран Фидановски најперспективен млад играч во генер. “2005“ на турнирот во Маџари
Зоран Фидановски најперспективен млад играч во генер. “2005“ на турнирот во Маџари

Зоран Фидановски најперспективен млад играч во генер. “2005“ на турнирот во Маџари

Во периодот од 25-27-ми декември во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари се одржа турнир за генерации родени “2005“ и “2006“ година. На него настапи и фудбалскиот клуб Вардар со двете свои генерации. На крајот генерација “2005“ го освои третото место, со победата против екипата на Фортуна со резултат 1:0. Во полуфиналето црвено-црните беа поразени од екипата на Металург. Претходно во групата забележаа две победи. Фк Вардар генер. “2006“ пак го освои второто место, откако во финалето беа поразени од тимот на Форца. Претходно за да стигнат до ова финале, избраниците на Кралевски остварија три убедливи победи. На крајот беа доделени наградите за најдобрите екипи, но и поединечните признанија за играчите. Двете најважни награди за најперспективен играч во двете гехерации, им припаднаа на Вардаровите момчиња. Давид Голубов во “2006“ и Зоран Фидановски во генерација “2005“ ги понесоа овие големи признанија.

Зоран Фидановски е роден на 17.05.2005 година започнува да тренира во Вардар на осумгодишна возраст. Има учествувано на повеќе домашни и меѓународни турнири. Покрај тоа со оваа генерација го има освоено првото место во детската лига, во натпреварувачката сезона 2013/2014. Второ место на турнирот “Караорман куп“ и трето место на “Синалко Куп“. Второ и трето место на споменатиов турнир во Маџари во организација на опшина Гази Баба, минатата и оваа година.

Освојувач на  младинскиот турнир “Брегалница Куп“, кој се одигра во Штип, како и завршниот турнир во “Вардар Јуниор“ лигата за генерација “2005“. Во 11 напревари за Фк Вардар (1) генер. “2005“ има остварено максимален број на освоени 33 бодови со сите победи. Настапува како одбранбен ирач, иако многу често знае да се најде пред противничките голови и да постигнува погодоци и дели асистенции. Во првиот дел од сезоната за генерација “2005“ ова момче има дадено три голови. Игра многу добро и беспрекорно во одбраната и не се штеди ниту во еден дуел со противничките фудбалери.