Утре нова хуманитарна акција на големото црвено – црно семејство. Овојпат пакетчиња заедно со Дедо Мраз ќе делат вардаровите фудбалери и ракометарките на Вардар. По претходната хуманитарна акција (види) ова е втора акција годинава во овој предновогодишен период.
Дел од ракометарките на Вардар и дел од фудбалерите на Вардар утре (вторник, 29.12.2015) ќе ја посетат Јавната установа за грижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение („25 мај” – Бутел ) – Скопје. Во периодот од 11 до 12 часот вардарци ќе се дружат со децата. Во придружбата ќе биде и Дедо Мраз. Девојките ќе им подарат на децата новогодишни пакетчиња, а фудбалерите ќе им подарат дресови.