Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Една победа и пораз за младинците на Рк Вардар Јуниор, на турнирот во Белград
Една победа и пораз за младинците на Рк Вардар Јуниор, на турнирот во Белград

Една победа и пораз за младинците на Рк Вардар Јуниор, на турнирот во Белград

Денеска стартуваше ракометниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“ во главниот град на Србија. Свој настап имаа млaдинците на Рк Вардар Јуниор предодени од тренерот Зоран Петковски, кои одиграа два меча на првиот натпреварувачки ден.

Во првото коло, утрово се стретнаа со претставникот на Босна и Херцеговина, екипата на Грачаница. Црвено-црните беа минимално поразени на овој дуел со резултат 20:21. Можеби притисокот си го направи своето, за избраниците на Зенга кои одиграа слаб натпревар, иако и чудните судиски одлуки на моменти влијаеа на конечниот исход.

Веќе во вториот дуел, дојде до израз квалитетот на нашите младинци кои забележаа триумф против тимот на Трње, кој доаѓа од Хрватска. Резултатот на овој дуел гласеше 19:14 во корист на Вардарци кои имаа постојано водство во текот на целиот меч.

Утре нов ден и нови два натпревари за црвено-црните. Првиот ќе започне во 08:50 часот против силниот Партизан. Овој натпревар може да биде вистински тест за избраниците на Зенга за моменталната форма и квалитет. Во последниот меч од групната фаза, се среќаваме со екипата на Земун, против која имавме можност да играме и во минатогодишното полуфинале на истиов турнир.