Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетите убедливи на стартот на “Трофеј Белград“ , кадетките со половичен успех по првиот натпреварувачки ден
Кадетите убедливи на стартот на “Трофеј Белград“ , кадетките со половичен успех по првиот натпреварувачки ден

Кадетите убедливи на стартот на “Трофеј Белград“ , кадетките со половичен успех по првиот натпреварувачки ден

Кадетите се единствената наша генерација, која со две победи стартуваше на првиот натпреварувачки ден на турнирот во Белград. Избраниците на тренерот Слободан Чивлачки покажаа моќ, сила и квалитет на отварањето на “Трофеј Белград“.

Во првото коло, црвено-црните го прегазија домаќинот Белград, со убедлив триумф од 28:11. Одлична игра за младите Вардарци кои доминираа во текот на целиот натпревар, ниту во еден момент домаќинот не беше рамноправен противник иако се обидуваше на моменти да направи нешто повеќе. Во нашиот состав на овој прв дуел највеќе се истакнаа Мартин Карапалевски, Христи Бикоски и Александар Нанов, кои беа најефикасни играчи.

Во текот на вчерашниот ден одигравме уште еден дуел, против квалитетниот тим на Раднички од Крагуевац. Нов триумф за Вардар, со кој ја запишаа втората победа на овој турнир. Конечниот резултат гласеше 23:18 во корист на нашиот состав. Повторно одлично издание за момците на Чивлачки, кои константно имаа водство кое не го испушија ниту во еден момент. Денес вистински тест за Вардар и дуел со тимот на Партизан од Белград.

Кадетките предводени од Анжела Платон остварија половичен успех на првиот натпреварувачки ден. На првиот меч, нашите млади надежи остварија висок триумф, во дуелот со екипата на Дубрава од Загреб. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 16:8. Одличен старт за нашите најмлади учеснички на овој турнир, кои се покажаа во одлично издание и сосема заслужено ги освоија првите бодови. Во второто коло се сретнавме со екипата на Раднички, против која бевме поразени со резултат 14:21. Денес играме со екипата на Вождовац.