Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го одработија првиот тренинг
Вардарки го одработија првиот тренинг

Вардарки го одработија првиот тренинг

По паузата поради ЕП во Данска, нашите девојки вчера повторно беа во ”строј” и напорно ќе работат секој ден, за клучните мечеви во новата година. За ЖРК Вардар нема ”зимски одмор” згуснатиот натпреварувачки ритам започнува веќе на 9-ти јануари и тоа против тимот кој директно ќе се бори со нашиот тим за првите места, екипата на Бурурешт од Романија.

На првиот тренинг атмосферата во екипата беше повеќе од одлична, најдоброто десно крило на ЕП, Радичевиќ доби букет цвеќе од колешките од екипата по тој повод. Тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ за повторниот собир и подготовката за предизвикот во Л.Ш изјави :

-Се собравме првпат по паузата за Светското првенство и добро е што сите девојки се здрави. Ова е наш прв собир и останува уште малку време до мечот со Букурешт кое ќе го искористиме да работиме напорно. Сега ни дојде Крајова, тоа ќе биде една фина контрола која ќе ни помогне да се вратиме во шема. Тоа треба да е противник со понизок квалитет од нас, сепак добродејден е натпревар за да увежбаме некои комбинации и акции”, вели  Кастратовиќ.