Вчера нашиот млад состав Вардар јуниор не успеа да се носи со шестата екипа од романското првенство Крајова, но денес романките ги чека вистински тест играат со првиот вардаров тим. Мечот е закажан за во 18:00 часот. Дуелот исто така ќе се одигра како и вчерашниот во С.Ц “Јане Сандански“ со мала измена со избраничките на Индира Кастратовиќ романките ќе истрчаат на паркетот во големата сала за разлика од вчера кога дуелот се одигра во малата сала.
Гостите ќе играат уште еден дуел со црвено-црните, а тоа е утрешниот повторно со Вардар јуниор закажан за во 12:00 часот. По овој трет дуел гостинските ќе заминат од нашата земја во Романија. Овие мечеви од пријателски карактер се со цел да им се помогнат на нашите екипи во подготовката за продолжението од сезоната. Првиот тим на Вардар се подготвува за ЕХФ Лигата на шампионите, а прв предизвик е дуелот со ЦСМ Букурешт на 9 јануари. Младиот тим на Вардар јуниор се подготвува за 1/8-финалето од Челинџ купот против Минаква Војводина на 16 и 17 јануари, двомеч кои ќе се играат во Скопје.