Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) Хуманитарна посета на вардарци на Домот „25 Мај“
(ФОТО) Хуманитарна посета на вардарци на Домот „25 Мај“

(ФОТО) Хуманитарна посета на вардарци на Домот „25 Мај“

Денес нашиот фудбалски и женскиот ракометен црвено-црн колектив беа во новогодишна посета од хуманитарен карактер кај дечињата сместени во Домот „25 Мај“. Нашите играчи на децата во институцијата  за лица со воспитно-социјални проблеми поделиа пригодни подароци.

d8

Децата им приредија топлото добредојде на вардаровиот фудбалер Благоја Љамчевски кој беше  заедно со неколкуте ракометарки на  Вардар. Вардарци на дечињата им поделија новогодишни пакетчиња и дресови со препознатливите „црвено-црни“ бои. Дружење беше исполнето со весела атмосфера и детска песна. Фудбалерот на црвено-црните Љамчевски по повод оваа посета изјави :

-Со драго срце и добронамерна цел, денеска дојдовме овде да ги израдуваме дечињата од домот 25 Мај. Се надевам дека ФК Вардар и во иднина ќе продолжи да организира вакви прекрасни изненадувања за најмладите, како што тоа беше случај и досега. Си поминавме навистина интересно и се надевам дека денешната заедничка веселба ќе биде повод и понатаму да се дружиме. Воедно би сакал на сите дечиња кои се сместени во оваа установа, да им ги честитам новогодишните и божиќните празници, со најискрени желби за добро здравје, многу радост и безгрижно детство.

zrkfk