Заврши првиот дел од сезоната во рамките на првата ракометна лига. Нашиот претставник екипата на Рк Вардар 2 го освои второто место, во дебитантската сезона за овој млад состав кој е предводен од легендарниот Стојан Петрушевски. Иако се натпреваруваме со екипи во кои настапуваат далеку повозрасни играчи, нашите херои одлично се држат во ваквите дуели и остваруваат победи. Еден од организаторите на играта во црвено-црниот состав Дарко Димковски ги споделува впечатоците од одиграната полусезона.
-Пред се голема чест задоволство и сон е да се биде дел од ваков колектив како што е Р.К Вардар. И покрај тоа што минатата сезона игравме младинска лига и која што ја освоивме убедливо без ниту еден пораз бидејќи имавме една цел, а тоа е да ја оправдаме довербата во нас и во клубот . Оваа сезона со својот тим бевме прекомандувани во прва лига и оваа за нас е ново искуство и можност за стекнување на голема самодоверба и спортски дух за нови победи и успеси. Работиме напорно секој ден со полн мотив под водство на нашиот тренер Стојан Петрушевски и воопшто не ни е важно кој ни е противник и дали и колку се постари екипитe против кои играме .
Со вкупно 27 освоени бодови се наоѓаме на второ место на табелата, кое на крајот води во најсилната супер лига. Во пролетниот дел не очекуваме домашен меч со најголемиот конкурент за првото место, екипата на Хјс Работник.
Верувам во оваа екипа дека на крај на сезоната ќе биде запишан нашиот тим како првак на прва лига и ќе ги срушиме досегашните бариери за младите и старите играчи, бидејќи ние силно веруваме во себе и го имаме зацртано патот кој треба да го изодиме со голем труд и работа, што ќе биде голем мотив за нашите натамошни кариери, изјави Дарко Димковски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски