Новата сезона во македонската кугларска лига ќе биде доста подинамична и позабавна од изминатата. Најмалце два нови машки тима ќе бидат активни оваа сезона 2021/2022 во кугларската машка конкуренција.
Вардар (А) кој е актуелен шампион на земјава ќе ја има улогата на брантел на шампионската круна. Лани, со доста визионерски потег црвено-црниот тим за доброто на мак.куглањето и за подобрување на натпреварувачката атмосфера во клубот пријави два тима, А и Б. Тоа се покажа како одлично бидејќи прв пат по 19.години од тронот падна Макпетрол. Интересно, вице-шампионот сега прави исти потег и во новата сезона ќе пријави „Б“-тим, што е за поздравување бидејќи ја согледа важноста на потегот кој црвено-црните го направија лани. Тоа е едниот нов тим, повторно по една сезона пауза се враќа и КК Империла Тобако ТКС па конкуренцијата ќе биде изворедна.