Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во периодот од 2-7.септември ќе настапи на меѓународен турнир во Словенија.
Селекторот на нашата млада репрезентација, Дашмир Беари, повика четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот Гоце Јовчев, и играчите од одбраната, Грегори Давков и Филип Ѓорѓиевски.
Распоред на натпревари:
2.09. 17:30 Македонија – Словенија (Крањска Гора)
4.09. 17:30 Македонија – Саудиска Арабија (Крањска Гора)
7.09. 12:00 Македонија – Словачка (ФТЦ Чатез)
Собирот на репрезентативците е закажан за 30.август.