Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Повеќе сакам победа со 4 гола разлика, отколку со 5 погодока
Вујовиќ: Повеќе сакам победа со 4 гола разлика, отколку со 5 погодока

Вујовиќ: Повеќе сакам победа со 4 гола разлика, отколку со 5 погодока

Вечерва, РК Вардар славеше со 24-20 против ППД Загреб во првиот натпревар од четвртфиналето на СЕХА-лигата. Успеавме во финишот да дојдеме  до каква таква  сериозна предност ќе гостува на реваншот во Хрватска. Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ кажа дека е задоволен од победата со четири гола:

Ако ми верувате, јас на полувреме им кажав на играчите дека сакам и второто полувреме да заврши со два гола разлика, односно да победиме со четири гола. Тоа е сериозна предност и повеќе сакам да победувам со четири разлика, отколку со пет. Кога ќе победиме со пет гола разлика, тоа ќе ве опушти и ќе добиете казна. Ништо не е решено, нѐ чека уште многу борба, но ние може да играме многу подобро- вечи Вујовиќ.