Убава атмосфера на стадионот ,,Борис Трајковски“ во Скопје каде Вардар ја запиша првата победа сезонава, откако со 2:0 ја совлада екипата на Воска Спорт. Ова беше прва победа за Вардар оваа сезона, а втор пат во третиот натпревар ја сочува својата мрежа.
Вардарци по првиот дел имаа предност од 1:0. Во финишот на првиот дел, младиот Никола Наумоски кој ова лето дојде во редовите на Вардар, го запиша деби погодокот во ,,црвено – црниот” дрес и со тоа го однесе неговиот тим на полувреме со предност. Во вториот дел Вардар умешно ја чуваше предноста, а во финишот успеа да постигне уште еден погодок, овој пат преку Кристијан Костовски за конечни 2:0 во Маџари.
Во следното коло, Вардар и гостува на екипата на ФК Велешта.