Вчера започна новата сезона во ракометната Лига на Шампиони. Во рамките на првото коло, Вардар гостуваше во Норвешка кај екипата на Елверум. На еден интересен и неизвесен натпревар до самиот крај, екипите одиграа со нерешен резултат 27:27.
После завршување на натпреварот свое видување даде Вујовиќ, кој истакна дека ремито е најреален исход.
„Гледавме еден цврст и борбен натпревар на кој ниту една екипа не успеа да се одлепи и да создаде поголема предност. Сметам дека нерешениот резултат е повеќе од реален исход. Честитки до екипата на Елверум за прикажаната игра.
Ние бевме подобри во првиот дел, Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е најреален. Во едно сум сигурен, многу тимови ќе загубат тука. Ние немаме многу време за размислување, веднаш почнуваме со со подготовки за следните натпревари“