Браќата Кевин и Оливие Њокас го имаа своето деби во дресот на Вардар. Со само два одработени тренинзи, поранешните репрезентативци на Франција го одиграа првиот натпревар за Вардар.
Во рамките на Лигата на Шампионите на натпреварот против Елверум кој заврши со нерешен резултат (27:27), браќата Њокас постигнаа вкупно 6 голови, или по 3 погодоци за двајцата. Освен тоа имаа и неколку успешни асистенции до своите соиграчи.
Првиот впечаток за французите е позитивен, со оглед дека немаа доволно време да се адаптираат во Вардар, тренерот Вујовиќ треба да биде задоволен од нивниот придонес на првиот натпревар. Двајцата имаат големо искуство, кое се надеваме дека ќе го пренесат на целиот тим и ќе му помогнат во освојување на трофеи сезонава која ќе биде долга и исцрпна за Вардар.
Со браќата Њокас, Вардар добива дефинитивно нов лик на бековските позиции, но и во одбраната каде двајцата исто така ќе имаат забележителна улога. Очекуваме и враќање на Кудуз на следниот натпревар, додека неизвесна е „судбината“ на Гурбиндо кој се поврзува со трансфер во Динамо Букурешт.